fbpx

Дизел горивото поскапо за 3,5 денари поради зголемената акциза

-

Првиот ден од 2018 година донесе повисока цена на дизел горивото, кое сега чини 3,5 денари повеќе од претходно, поради зголемената акциза, која порасна за толкав износ. Од денеска на бензинските станици дизел горивото чини 58,5 денари.

Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш министерот за финансии, Драган Тевдовски истакна дека поскапувањето на дизелот нема да предизвика раст и на цените на другите производи. Образложението за зголемувањето на акцизата беше дека тоа ќе придонесе за намалување на загадувањето, бидејќи ќе ги дестимулира граѓаните да возат дизел возила, кои важат за значителни загадувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...