fbpx

Директорот на „Шутка“, Котевски ги поднел оставката и извештајот до Влада

-

Директор на истражниот затвор во „Шутка“, Ѓоко Котевски до Владата, Министерството за правда и до Управата за извршување санкции ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески.

Котевски посочи дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје”, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето и додаде дека оваа бројка не е конечна.Клучни пропусти биле оние во протоколите за постапување и изведување на притворените лица надвор од собите.

Управата за извршување санкции треба да ги утврди казните и да изготви свој извештај за одговорноста во овој случај на командната структура во Истражниот затвор и другите пропусти.

Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017 година. По инцидентот во затворот на Јанакиески му е заменет притворот со мерка „куќен притвор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...