fbpx

Директорите на Бордот на ЕБОР во посета на Македонија од 5 до 8 февруари

-

Делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе пристигне во Скопје во четиридневна посета на Македонија, при што ќе оствари средби со претставници од Владата на државно ниво. Директорите ќе се сретнат и со претставници од меѓународните институции, граѓанското општество, инвеститори и претприемачи.

„Посетата се остварува како подготовителна активност за новата стратегијата на ЕБОР за Македонија од 2019 до 2023 година. Целта е да се договорат приоритетите на македонската влада и да се идентификуваат клучните области каде ЕБОР може да се ангажира, за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог“, се вели во соопштението.

ЕБОР има инвестирано над 1,8 милијарди евра во 113 проекти во Македонија, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари.

„Банката и понатаму ја интензивира политичката ангажираност во регионот и ќе биде домаќин на третиот Инвестициски самит за Западен Балкан, каде шест премиери од регионот ќе бидат гости на Банката во ЕБОР Лондон. Оваа година, Годишното собрание на ЕБОР ќе се одржи во Сараево на 8 и 9 мај 2019“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...