fbpx

Дипломатски скандал меѓу Турција и Германија поради сатирична песна за Ердоган

-

Песна на германска телевизија, која го исмејува претседателот на Турција поради опресивниот режим и апсењето новинари предизвика дипломатски скандал.

Турските претставници на германскиот амбасадор Мартин Ердман му ја пренесоа официјалната осуда на сатиричното видео и побараа телевизијата, која на 17 март ја објави спорната песна да прекине со емитување, потврди претставник на министерството, кој побарал да остане анонимен.

Песната на германски јазик, која се уште може да се види на сајтот на државната АРД и на социјалните мрежи, меѓу другото алудира на апсењето на опозициските новинари, насилството над демонстрантите и наводите дека Турција повеќе сака да преземе мерки против курдските бунтовници, отколку против терористичката Исламска држава.

Во видео записот за песната, ставена е и снимката на која претседателот Реџеп Таип Ердоган паѓа од коњ. Во една од строфите се напоменува дека „новинарите кои пишуваат нешто што нема да му се допадне на Ердоган, следниот ден завршуваат во затвор“.

Претседателот на германскиот Сојуз на новинари, Франк Уберал рече дека Ердоган „очигледно изгубил контрола“. Тој додаде дека реакцијата на претседателот е „смешна“, но дека луѓето не треба да го занемаруваат фактот дека „прогонот на новинарите е горчлива реалност во Турција“, стои во соопштението на Сојузот на новинарите на Германија.

Повеќе од 1.800 судски случаи се покренати против лица за навреда на Ердоган, откако е избран за претседател во 2014 година. Судски процеси се водат против бројни познати личности, новинари, па дури и студенти и ученици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....