fbpx

Дипломатите шокирани од одлуката на Иванов, наскоро ќе излезат со реакции

-

Претставниците на дипломатскиот кор внимателно го следеле обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, кој, како што изјави попладнево, одлучи да не го додели мандатот за формирање нова влада на човек или партија „кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија“, дознава „Мета“.

Амбасадорите и претставниците на меѓународната заедница се длабоко изненадени и шокирани од одлуката на Иванов, особено по нивните апели за неодложно брзо формирање влада со широка политичка поддршка.

Од амбасадите велат дека се во контакт со министерствата за надворешни работи на своите матични земји и во текот на денот или најдоцна утре ќе излезат со реакција.

Иванов во своето обраќање ѝ порача на меѓународната заедница, исто како што не ја осудила платформата на албанските партии, која, како што рече, е мешање во внатрешните работи и редифинрање на унитарноста на Македонија, така и сега „треба да се воздржи од наметнување решение кое задира во државните интереси“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...