fbpx

Дипломатите ги напуштија руските објекти половина час пред истекот на рокот

-

Конвој дипломатски возила, од кои некои носеле кутии, ги напуштија двата руски објекта под надзор на агенти на американскиот Стејт департмент. Тоа се случи напладне, по локално време, половина час пред истекот на рокот.

Како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските извори во САД, Вашингто вчера воведе серија остри санкции кои вклучуваат протерување на 35 руски дипломати и затворање на два објекта.

Како што е најавено, пристапот до овие објекти ќе им биде забранет за сите руски претставници од денеска напладне.

Дипломатите добија рок од 72 часа да ги напуштат САД.

Како што јавуваат светските агенции, станува збор за луксузни одморалишта во Њујорк и во Мериленд во сопственост на Русија, каде дипломатите со децении играат тенис, едрат и пливаат.

Вашингтон тврди дека објектите биле користени за разузнавачки активности.

Комплексот во Мериленд се простира на 45 хектари, а Советскиот Сојуз го купи во 1972 година и служел како место за одмор на дипломатите од Вашингтон.

Светските агенции уште во 1992 година јавија дека комплексот е претворен во 12 апартмани и во неколку куќички со четири стана. Вкупно, тогаш живееле 40 семејства.

Во рамки на комплексот се наоѓаат и четири тениски терени, базен и фудбалско игралишта, а организиран е и камп за руските деца во текот на летниот период и за Божиќ.

Вчера, лица кои се претставиле како службеници на Стејт департментот ги замолиле новинарите да ја напуштат оваа област.

Објектот на Лонг Ајленд во Њујорк, Советскиот Сојуз го купи во 1952 година.

На Русија ѝ остануваат две одморалишта за нејзините дипломати при Обединетите нации, кои се наоѓаат на околу еден час од Њујорк, каде се наоѓа седиштето на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...