fbpx

Димовски: СЈО се пресметува со медиумите кои Заев ги прогласи за непријатели

-

„Специјалното јавно обвинителство е целосно поставено и трансформирано како извршен орган на Социјалдемократскиот сојуз. Во моментов СЈО ја реализира финалната фаза од битката на аболираниот криминалец Зоран Заев против сите медиуми што не се под контрола на Бихаќка“, изјави на прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според Димовски, СЈО влегува во отворена пресметка со сите медиуми кои беа прогласени лично од Зоран Заев за негови најголеми непријатели.

„СЈО крајно непрофесионално и селективно врши притисок и удира врз медиумите, обидувајќи се да ги цензурира и да ги заплаши за да престанат да известуваат за политиките на СДСМ кои се спротивни на највисоките државни и национални интереси на Македонија. СЈО како партиски цензор на СДСМ настапува и спротивно на членот 10 од Eвропската конвенција за заштита на човековите права“, изјави Димовски.

Тој додаде дека прва на удар е телевизија „Нова“.

„Телевизија „Нова“ е на удар затоа што не ги премолчува и не ги релативизира протестите кои секојдневно се случуваат на улиците, секаде низ државата. Телевизија „Нова“ без цензура го пренесува гневот и револтот на народот од прифаќањето на тиранската платформа и несогласувањето со пазарењето со државните и национални интереси, што го прави СДСМ“, додаде Димовски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ гласала за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши својата работа.

„ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на Социјалдемократскиот сојуз. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува, цензурира и затвора медиуми. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови од СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболираниот криминалец Зоран Заев како експерти“, додаде Димовски.

Тој уште еднаш кажа дека ВМРО-ДПМНЕ порачува дека секој треба да работи согласно законот и Уставот, како и дека секое прекршување на позитивните законски норми и на Уставот на Република Македонија повлекува морална, но и правна одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...