fbpx

Димовски: СДСМ прави обид за грубо кршење на деловникот

-

„Видовме класичен обид за грубо кршење на деловникот и одземање на најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор, што е обид за кршење на волјата на повеќе од 200.000 граѓани кои секојдневно протестираат за нивните ставови да бидат искажани во Собранието“, рече пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција за време на паузата од Собранието.

– Не сакам да зборувам за нивните планови иако ги знаеме. Им кажавме дека ги знаеме, само ќе апелирам да не влегуваат во кршење на деловникот. Криење на политички договори кои задираат во унитарноста и во уставноста на државата веќе не е возможно. Претресот трае додека не се исцрпи правото на збор. Овој дрзок обид со прекршување и со желба за одземање на правото на збор е досега невиден во Собранието. Ние сакаме да упатиме апел никој да не се обидува да применува ниту политичко, ниту ефективно насилство во работата на Собранието, да ја смири нервозата, да го смири своето нетрпение и да дозволи процедурите да си течат така како што течеле досега, секогаш во согласност со деловникот на Собранието – изјави Димовски.

Според Димовски, доколку СДСМ не се јавувале толку често за процедурални забелешки, денеска Собранието можеби ќе било на десеттиот говорник и затоа од ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќаат обвинувањата дека тие ја блокираат работата на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...