fbpx

Димовски: Ребалансот на буџетот е лош за сите, економијата ќе ја врати назад

-

Ребалансот на буџетот што го предлага СДСМ е неразвоен и ќе ја врати економијата назад, изјави на прес-конфернција Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, буџетот е лош за граѓаните, за фирмите, за странските инвеститори, за домашното стопанство, за пензионерите, за примателите на социјална помош, за градежништвото, за студентите и за младите лица.

– Со овој ребаланс на буџетот, сите ветувања што СДСМ ги даваше пред да дојде на власт се докажаа дека биле лажни. СДСМ во својата изборна кампања ветуваше стапка на пораст на домашниот бруто-производ од шест проценти, а со овој ребаланс буџет проектира пораст од 2,2 проценти. Дозволете во име на целата пратеничка група да кажам дека нема шанси да го достигнат овој пораст од 2,2 проценти – изјави Димовски.

Тој додаде дека претставниците на СДСМ 10 години критикувале дека нема капитални инвестиции, а сега ги кратат од буџетот.

Од СДСМ, пак, велат дека ребалансот на буџетот става крај на нереалните проекции и на непродуктивните трошоци што претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ планирала да ги прави за луксузи, репрезентации, службени патувања и за реклами, а на штета на граѓаните.

„Со стотиците поднесени амандмани на буџетот што е донесен токму од ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија уште еднаш потврди дека наместо за интересите на граѓаните, се грижеше единствено за криминалното богатење на партијата, а преку стотиците идентитчни амандмани кои до лани експерсно ги одбиваше, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерство кон граѓаните и кон државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...