fbpx

Димовски: Предлогот на СДСМ за медиумите е „Гаргамел-закон“

-

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлог-законот за медиуми кој СДСМ вчера го предложи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој закон е противуставен, неевропски и го нема во ниту една држава во светот.

– Со законот на СДСМ се предвидува зголемување на казните за медиумите. Исто така, со него се предвидува МРТВ и Агенцијата за медиуми да бидат составени од членови само на невладини организации. Со предлог-законот на СДСМ се предвидува чудесна балансираност дури и во контактните емисии, па, на пример, ако во нив се јават пет гледачи што ќе го фалат градоначалникот на Град Скопје, во истата емисија мора да се јават и пет гледачи што ќе го нападнат градоначалникот. Овој закон беше одбиен уште пред два месеци од сите здруженија и организации на новинари во Македонија. Ова е „Гаргамел-закон“ – изјави Димовски, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници за решавање на спорните прашања околу регулацијата на медиумите.

Според него, на 24 февруари ќе се распушти Собранието, а само 20 дена подоцна ќе стапат на сила и одредбите во Изборниот законик, кои ја регулираат сферата на медиумите.

– Ние сметаме дека нашиот закон за медиуми е целосно прифатлив затоа што тој е одобрен од релевантни меѓународни институции. Сепак, ако не сакаат да го прифатат постојниот закон, денеска на маса ќе ги ставиме сите закони од земјите на Европската унија, па нека избираат кој ќе го прифатат – рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...