fbpx

Димовски: Потребни се нови избори затоа што бројките не гарантираат стабилно Собрание

-

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува Уставот, деловникот за работа на Собранието и законите, но ќе се бори за да ги зачува државните и националните интереси, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во вестите на телевизија „Сител“ .

Според Димовски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да има предвремени парламентарни избори затоа што, како што вели, бројките и соодносот во Собранието не гарантираат стабилно Собрание.

– Соодносите меѓу партиите во македонскиот блок, но и во албанскиот не гарантираат стабилен парламент, а оваа тензична атмосфера која ја има денеска, ќе ја гледаме и во иднина во Собранието. Затоа, и поради многу други причини кои сме ги спомнале, поради тиранската платформа, протестите на граѓаните, поради постизборната измама, тргнавме со ставот дека треба предвремени избори. Да се одговореше позитивно на нашето прво барање за предвремени избори, ние сега ќе бевме во изборна кампања и ќе имавме 10-20 дена до момент кога граѓаните ќе ја расчистат целата дилема – рече Димовски.

Димовски вели дека во Македонија во моментот има незрела политичка ситуација затоа што има губитничка партија која сака да формира влада, а постои и платформа која е донесена по изборите и за која никој не гласал.

– Никој во Македонија не гласаше за отворање дебата за Закон за јазици, никој во Македонија не гласаше за декларација за некаков геноцид кој се случил или не се случил во Република Македонија, двојазични банкноти, двојазични униформи, двојазично водење на судски постапки… – додаде Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...