fbpx

Димовски: Ќе избереме претседател на Собранието ако тој распише нови избори

-

Пред паузата за ручек од еден час, пратениците во Собранието, иако на дневен ред имаа избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, повторно дебатираа за платформата на албанските политички партии, но и за можноста за организирање нови парламентарни избори заедно со локалните.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ниту еден граѓани не гласал за двојазичност и за редефинирање на Македонија и за деформирање на целокупниот систем на државата.

– Излезете на избори, па доколку победите, апсолутно никој од ВМРО-ДПМНЕ нема да ви се спротивстави на реализацијата на платформата. Ова што го предлагате не сте го ветиле на граѓаните. Тоа е силување, не е демократија – рече Димовски.

Пратеникот од СДСМ, Дамјан Манчевски, рече дека не може да има ниту нови предвремени парламентарни избори ниту локални избори затоа што Собранието нема претседател да ги распише тие избори.

– Треба да си го прашате сопствениот лидер што прифаќал во преговорите со ДУИ. Во услови во кои, како што велите, се распаѓа државата, вашиот лидер не е тука, туку е на Малта. Тоа не е лидерство. Граѓаните гласаа за право и за правна држава, која ќе ве стаса. Нови избори се сосема возможни, но за да се распишат, треба да избереме претседател на Собранието. Вие ги блокирате изборите. Сакате со малцинство да владеете. Вас власта не ви се остава. Ајде, изберете претседател на Собрание и сè е можно – рече Манчевски.

Димовски, пак, реплицирајќи му на Манчевски, истакна дека доколку партиите најдат гаранција дека денеска ќе се распушти Собранието, може да се избере претседател на Собранието, но тој да има единствена задача да распише брзи локални и брзи предвремени парламентари избори.

Оливер Спасовски од СДСМ рече дека не постои никаква платформа за разнебитување на државата, туку дека изминатите 10 години имало криминална платформа, а дека доколку има нови избори, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе изгуби.

Според Зијадин Села од Алијансата на Албанците, пратениците глумат почитување на деловникот, но, реално, со седницата заседава централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да ставиме крај на оваа дебата затоа што денеска треба дискутираме за членовите на Комисијата, а Илија Димовски да не продава теми. Вие во преговорите бевте само против враќање на правната држава и против СЈО, а сè друго прифативте – нагласи Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...