fbpx

Димовски: Инсистираме Јанева да се врати на комисијата, без неа не продолжуваме

-

Според Уставот и Законот за Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева е должна да присуствува на седниците и да ги образложува своите извештаи, изјави денеска Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние пред неколку дена предложивме да се направи распоред за говорници и за репликанти според кој секоја пратеничка група би имала по пет говорници со ограничено време за зборување, но од СДСМ не прифатија за да можат намерно да ја блокираат работата на Комисијата за политички систем и јавноста да не ги слушне одговорите на прашањата што ѝ ги поставувавме на Катица Јанева. СДСМ, СЈО и шарените платеници на Сорос се усогласени и координирани. Најпрво, вчера, СДСМ со процедурални забелешки ја блокираше работата на комисијата, потоа Јанева си замина, а шарените со својот неуспешен протест сакаа да ја ослободат Јанева од одговорност, транспарентно да одговори на сите поставени прашања. На сите ни е јасно дека СЈО не си ја врши својата работа, не ги почитува сведоците и не се држи до законите. СЈО и СДСМ не сакаат транспарентност затоа што немаат одговор на тоа каде и на што се потрошени 60 милиони денари – рече Димовски.

Тој додаде дека изминативе неколку дена „од медиумите платени од Сорос“ се правело хајка против пратениците кои поставувале критички прашања кон Јанева. Како што рече Димовски, досега пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ѝ поставиле на Јанева 119 прашања, од кои таа одговорила само 23.

– Ние како пратеничка група инсистираме Јанева да се врати на комисијата затоа што тоа е нејзина одговорност. Исто така, инсистираме да поднесе комплетен и сеопфатен извештај, во кој ќе каже каде се потрошени 60 милиони денари и да се извини и да ја повлече изјавата дека Собранието и пратениците се нелегитимни. Ако не постапи така, ние нема да прифатиме разгледување на какви било барања од СЈО – рече Димовски.

Координаторот на пратеничката група на владејачката партија додаде дека ако не заврши почнатата точка од дневниот ред на седницата на Комисијата, односно расправата за извештајот на Јанева, пратениците не можат да преминат на друга точка, што значи дека постои можност за извештајот на Марко Зврлевски, републичкиот јавен обвинител, воопшто да не се дискутира.

Одговарајќи на новинарско прашање, Димовски рече дека некои од барањата на Јанева се неуставни и надвор од она што е договорено за надлежностите на СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...