fbpx

Димитров – Захариева: Владите имаат капацитет да решаваат отворени прашања

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, попладнево констатираа дека денешното потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу двете земји ќе отвори нови перспективи за односите и за соработката меѓу двете држави.

Министрите, како што се вели во соопштението од македонското МНР, изразиле задоволство што владите на двете држави практично покажале дека имаат капацитет самостојно да решаваат отворени прашања, како и визија за заедничка европска и евроатлантска иднина, пример кој отвора нови перспективи за стабилен и интегриран регион.

– Денеска е историски ден. Договорот е манифестација на цврстата волја да се решаваат отворените прашања и заедно да чекориме напред, кон иднината и Европската Унија. Договорот е инспирација за целиот регион – рече Димитров.
Министерката Захариева изразила благодарност до министерот Димитров и до премиерот Заев, како и до тимовите кои работеа на Договорот.

– Јас сум цврсто убедена дека ако твоите соседи не се добро, ни ти нема да бидеш добро. Договорот е прв чекор за нештата што треба да ги градиме заедно. Ефектот од овој договор допрва ќе се мери – рече Захариева.

Таа додаде дека Бугарија е подготвена да ѝ понуди експертска помош на Македонија за реформите што претстојат и изрази надеж дека следната година Македонија конечно ќе има позитивен почеток во преговарачкиот процес со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...