fbpx

Димитров во ОБСЕ ги претстави реформите и ја нагласи важноста на слободните медиуми

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска имаше обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, во кое, говорејќи за реформите на Владата, поврзани со владеењето на правото, изборниот систем, силни и професионални институции, развој на здрави механизми на контрола, независно судство и слободата на медиумите, се повика на цитатот од американскиот дипломат Адлај Стивенсон – „Слободните медиуми се мајка на сите слободи и на нашиот слободен напредок“.

Димитров, како што соопшти Министерството за надворешни работи, го претставил „оптимизмот кој завладеа во македонското општество по долгата криза“, но и зголемените очекувања на граѓаните како од новата Влада, така и од меѓународната заедница.

Тој ја нагласил важноста од искреното соочување со предизвиците кои постојат во едно општество, елаборирајќи ја реформската агенда содржана во планот „3-6-9“ на Владата.

Димитров за време на посетата на ОБСЕ имал средба со генералниот секретар на организацијата, Томас Гремингер, како и кратка средба со специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир.

Тој, како што информираат од МНР, се сретнал и со генералниот секретар во Министерството за наворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт, со кого разговарал за одличните билатерални односи меѓу двете земји, економската соработка, за соработката во текот на мигрантската и бегалската криза во изминатите две години, а станало збор и за Берлинскиот процес и приоритетите и плановите на австриското претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...