fbpx

Самуелсен: Данска ја поддржува Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат

-

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Копенхаген добил уверување од својот дански колега, Андерс Самуелсен за поддршка од Данска на реформите што новата македонска влада сака да ги спроведе, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

– Ја имате нашата целосна политичка поддршка за претстојната работа на вашата влада во остварувањето на овие стратешки цели – порачал шефот на данската дипломатија, Самуелсен.

На средбата, министерот Димитров се осврнал на клучните реформски приоритети, насочени кон подобрување и продлабочување на добрососедските односи со земјите од регионот, усвојувањето на планот „3-6-9“, владеењето на правото и независност и на институциите.

Во рамките на регионалната турнеја во нордиските земји што почна денеска, по Данска, Никола Димитров утре ќе биде во работна посета на Шведска, в четврток е во Финска. Скандинавската турнеја ќе ја заврши со посетата на Норвешка в петок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...