fbpx

Димитров: Суштината на компромисот се гледа во критиките на нашата и грчката опозиција

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров одговарајќи на неколку прашања од пратениците во Собранието рече дека Договорот од Преспа ги врзува чекорите на Македонија кон ЕУ и НАТО со тоа што е интерес на Грција од Договорот.

– Затоа НАТО членството е врзано со влегувањето на сила на Договорот. Затоа стои дека на иста сесија грчкиот парламент кога ќе ја ратификува спогодбата, ќе ги потпише и протоколите за членство со НАТО на Македонија. Клучната критика на нивната опозиција се идентитеските елементи, а клучната критика на нашата опозиција е опфатот на употреба. И тука е суштината на компромисот. За идентитескиот амандман јас имав охрабрувачка реакција затоа што се што е врзано со идентитетот на македонскиот народ не може да е спротивно со текстот на Договорот кој дава апсолутно право на самоидентификација – рече Димиторов.

Тој потенцираше дека поранешниот премиер Никола Груевски бил свесен за овие услови од Грција и дека бил во тек со процесот.

– Во декември 2009 година на телевизиско интервју рече дека Грција бара и внатрешна употреба и јазикот да биде сменет односно да гласи или ново македонски или северно македонски. На 16 ноември 2017 во интервју вели дека Грција не прифаќа нашиот јазик и идентитет да се преведува на англиски. Со Договорот, географската одредница не не прави ништо поинаку од тоа што сме денеска. Додека ние чекаме нова шанса ниту светот ниту Европа не чекаат, ниту во Балканот можеме да си дозволиме да испуштаме шанси – додаде Димитров.

Пратениците во Собранието се на пауза, а расправата за уставните измени продолжува во 15.30 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...