Димитров: Стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ


       
Брисел, 29 мај, 2018 - 13:15 (META) 

Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во тесен круг на експерти и новинари во Брисел.

– Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла – рече Димитров.

Според него, има искуства со земји што почнале преговори, а потоа се нашле блокирани.

– Нема автоматизам. Секогаш кога се политизира овој процес тој не успева. Дали е тоа за да се турка земјата напред или да се задржи назад, ова функционира само доколку земјата е оценувана индивидуално и врз основа на заслуга – изјави министерот за надворешни работи на конференција во Брисел организирано од Европскиот центар за политики, на прашање на модераторката околу тоа кои се аргументите на Македонија да ги убеди земјите членки кои се скептични за старт на преговори со земјата.