fbpx

Димитров: Со Коѕијас сакаме да го решиме спорот, но разликата е во тоа како да се реши

-

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но дека имаат и разлики околу тоа како треба да се реши проблемот.

– Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се покаже на остатокот од Европа дека овде на Балканот можеме да се однесуваме европски. Битката е помеѓу силите на иднината и силите од минатото. Сакам мојот народ да биде со исправена глава кога ќе решиме нешто и ќе се ракуваме – истакна Димитров.

Тој потенцира дека во моментот национализмот е слаб во Македонија и дека сегашната влада се обидува да го замени со „визионерски патриотизам“.

– Затоа сме многу благодарни на бугарското претседателство, бидејќи, во тешка ситуација за Европа – заедно со „Брегзит“ и мигрантската криза, бугарското претседателство успеа да го врати Западен Балкан на дневен ред. Многу е важно да го фатиме овој воз. Долго време сме во чекалницата, важно е за нас, исто така е важно за стабилноста во регионот да се качиме на него – вели Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...