fbpx

Димитров: Пукнатините на неизвесност мора да бидат пополнети со европска перспектива

-

„Пукнатините на неизвесност мора да бидат пополнети со веродостојна и динамична европска перспектива. Затоа мора да напредуваме кон европската иднина, поучени од грешките од минатото“, рекол министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на средбата со министерот за надворeшни работи на Република Естонија, Свен Миксер, во Талин, соопшти Mинистерството за надворешни работи.

При денешната посета на Естонија, со која ја почна регионалната турнеја по балтичките земји, Димитров зборувал за важноста на внатрешните реформи во Македонија и нагласил дека резултатите од локалните избори во Македонија се истовремено и потврда и дополнителна одговорност за да се реализира реформската и европската агенда на македонската влада.

– Ќе направиме сè што можеме за да добиеме позитивна препорака од ЕК и политичка одлука за почеток на преговорите во јуни идната година – рекол Димитров.

Шефот на естонската дипломатија, Миксер, нагласил дека Естониjа како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, oстанува посветен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ и дава цврста поддршка за напорите на Република Македонија за зачленување во ЕУ и во НАТО. Притоа тој изразил подготвеност на Естонија да ја сподели својата експертиза од областа на ИТ-секторот и дигиталната администрација.

Димитров утре и задутре продолжува со работни посети на Летонија и на Литванија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...