fbpx

Димитров по средбата со Габриел: Ова е многу охрабрувачки ден за Македонија

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, како исклучително охрабрувачки ги оцени пораките од Берлин по денешната средба со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.

– Добивме исклучително охрабрувачки пораки од Берлин, исклучителна поддршка за правецот по кој тргнавме и во однос на домашната агенда „3-6-9“ и во однос на проактивната надворешна политика, фокусирана на инвестирање политички капитал во добри односи со соседите. Самиот факт што на само неколку недели пред големи и важни парламетарни избори најдоа време за нас е еден убав сигнал и од министерот Зигмар Габриел и од главните луѓе во кабинетот на канцеларката Ангела Меркел и тоа е еден многу охрабрувачки ден за Македонија – изјави Димитров по средбата.

Тој истакна дека на средбата биле договорани некои детали, било разговарано за Берлинскиот процес и за важноста Балканот да не заостане премногу економски зад Европската Унија.

– Има расположение да се инвестира не само во политичка поддршка, туку и во еконосмки проекти кои граѓаните ќе ги почуствуваат во секојдневието, во патишта, но и во бизниси. Заклучивме дека реформите треба да се земат многу сериозно, а и ние самите во Македонија знаеме дека тоа мора да го направиме со оглед на лекцијата од кризата. Од друга страна, мора и европската перспектива да е реална и зaтоа имаме заедничка прилика и одговорност да ја искористиме оваа шанса – рече Димитров.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Германија е подготвена да помогне на тој пат, Димитров се осврна прашањето за името со Грција и изјави дека според него, потребно е да се смени контекстот со кој македонската јавност гледа на овој проблем.

– Ако ние утре сакаме да бидеме пријатели и сојузници со Грција, не можеме да стигнеме до тоа ако начинот е борба или надмудрување. Факт е дека главната одговорност е кај нас и кај нив – Македонија и Грција, меѓутоа, исто така, факт е дека овој проблем влијае на европската политика кон регионот и затоа мислам дека ќе најдеме начин сите заедно да го придвижиме ова прашање напред и многу е важно тоа да биде низ дијалог – изјави Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...