!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Димитров: Паралелно да се одвиваат преговорите за влез во ЕУ и за спорот за името


       
Лондон, 14 септември, 2017 - 11:14 (META) 

Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската Унија да почне преговори и покрај тоа што сè уште не е решен спорот со Грција за името, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Ројтерс“.

– Ако ги спроведеме реформите во земјата, се надеваме дека ќе стигнеме до таа фаза (почеток на преговори за влез во ЕУ) и паралелно да го решаваме спорот за името – вели Димитров.

Во однос на аспирациите за влез во НАТО, Димитров вели дека интеграцијата е можна само преку дијалог.

– Не можеме да го избоксуваме влезот во НАТО, мора со разговори да влеземе. Мора во Атина да нè гледаат како сојузници. Долгорочно, и во интерес на Грција е северниот сосед да ѝ биде земја во која владее правото – вели Димитров.