This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Dec 19 9:26:53 2018 / +0000 GMT

Димитров од утре во Бугарија на средби со Борисов, Радев и Захариева




Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, од утре до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи.

За време на посетата е предвидено тој да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

„Во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за утре, предвидено е министрите да извршат размена на ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија, на 15 јануари 2018, и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18 јануари 2018“, стои во соопштението.

Од МНР информираат и дека на покана на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), Димитров на 15 и 16 февруари ќе учествува и на неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција – Гимних што ќе се одржи во Бугарија.

Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната.

Post date: 2018-02-13 14:07:15
Post date GMT: 2018-02-13 13:07:15
Post modified date: 2018-02-13 14:07:15
Post modified date GMT: 2018-02-13 13:07:15

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com