fbpx

Димитров од среда во дводневна посета на САД

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, в среда во Вашингтон ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД, насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“.

На Конференцијата, како што соопштуваат од МНР, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина експерти од двете страни на Атлантикот.

Учесниците ќе разменат мислења во насока на генерирање нови идеи и предлози за забрзан пат на Балканскиот Регион кон трансатлантската заедница и за поттикнување засилена поддршка за политиките на земјите во Соединетите Американски Држави.

Димитров ќе се обрати на панел-дискусијата „НАТО на Балканот: Обезбедување на границите во турбулентни времиња“, а за време на дводневната посета на САД ќе има средби со високи претставници на американската администрација, Стејт департментот, Конгресот на САД и на невладиниот сектор, како и на македонската дијаспора во Вашингтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...