fbpx

Димитров: Новата Влада е цврсто решена Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО

-

Новата реформска влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од евроатлантските интеграции. Ова го истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан што се одржа вчера во рамките на самитот на лидерите од Процесот Брдо – Бриони, во Брдо кај Крањ, Словенија.

Димитров, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, нагласил дека независните и силни институции се стожерот на стабилноста на државите и дека „зајакнувањето на институциите, владеење на правото, промоција на култура на дијалог и компромис се нашите аргументи за забрзана евроатлантска интеграција“.

“Европската Унија треба да остане искрена и директна при евалуирањето на нашите реформски и демократски процеси. Наша задача е да работиме на квалитативна трансформација на нашето општество. Да работиме на обезбедување на одговорно владеење и независни институции. Нашата цел е да изградиме модерна европска демократија, а ЕУ адекватно да ги валоризира реформите на тој пат. Зачленувањето во ЕУ и во НАТО е нашиот врвен стратешки приоритет“, заклучил Димитров на состанокот.

Инаку, македонската делегација на состанокот ја предводеше претседателот Ѓорге Иванов, а покрај претседателите и министрите на надворешни работи на државите учеснички во Процесот Брдо – Бриони, учествуваа и високи претставници на држави членки на ЕУ. Годинашен специјален гостин на состанокот беше претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

На маргините од состaнокот Димитров имал билатерални средби со својот словенечки колега, Карл Ерјавец, и со шефот на хрватската дипломатија, Давор Иво Штир. Димитров, како што соопштуваат од МНР, имал краток разговор со Штајнмаер, кој му честитал на изборот, а остварил средба и со Ален Ришар, специјалениот претставник за Балканот на министерот за надворешни работи на Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...