fbpx

Димитров му се извинил на Ел Масри за незаконското апсење

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се извини за несоодветното однесување на властите во случајот на Калид Ел Масри, кој во 2004 година незаконски беше уапсен во Македонија, и неправедно задржан и испрашуван, објави Гласот на Америка.

Во писмо испратено до Ел Масри, Димитров изразил „длабоко извинување и искрено жалење“ за несоодветното однесување на властите, како резултат на што претрпел „неизмерливи и болни искуства, тешки физички и психички повреди и болки“, соопштија Отворено општество – Иницијатива за правда и Американското здружение за заштита на човековите слободи.

„Го поздравуваме извинувањето до Ел Масри на Владата на поранешна Југословенска Република Македонија, и нејзиното признание дека безбедносните служби ја прекршиле Европската конвенција за човекови права. Од друга страна, САД и натаму продолжуваат да одбиваат одговорност на кој било во ЦИА за овој случај“, изјави Џејмс Голдстон, извршен директор на Отворено општество – Иницијатива за правда, нагласувајќи дека Македонија допрва ќе отвори криминална истрага за тоа што се случило, со цел да се утврди одговорност.

Џејмс Голдстон, адвокат кој брани луѓе во случаи за повреда на човековите права и го застапуваше Ел Масри во судскиот процес во Европскиот суд за човекови права во 2012 година, вели дека извинувањето е добредојдено, но не е едоволно.
– Македонија треба да отвори формална кривична истрага за тоа што се случило и да побара одговорност од вклучените – вели Голдстон.

И Џамил Деквор, директор на Американското здружение за заштита на човековите слободи, го поздрави официјалното извинување на Македонија, велејќи дека ова е прв чекор кон откривање на целата вистина за нелегалното киднапирање и тортура на Ел Масри.

Во 2012 година, македонската Влада плати отштета од 60.000 евра поради прекршување на Европската конвенција за човекови права, според пресудата од Европскиот суд за човекови права.

На 31 декември 2003а година, Ел Масри беше уапсен од македонските власти на граничниот премин Табановце, по што три недели беше задржан и испрашуван во хотел во Скопје.

Во 2004 година македонските власти им го предаваат на американски агенти, кои го носат во таен истражен центар на ЦИА во Авганистан. По неколку месеци истрага и тортура, тој е ослободен без обвинение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...