This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Jan 20 21:05:12 2018 / +0000 GMT

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името




Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“.

Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот.

- Се разделивме убедени во тоа дека има волја на двете страни да се оди напред - вели шефот на македонската дипломатија за вчерашната средба во Солун со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

Димитров во интервјуто вели оти е јасно дека идентитетот е многу важен за македонската страна и мора да се најде начин да се убедат грчките колеги дека постои јасна раздвоеност на Македонија од регионот во северна Грција.
Post date: 2018-01-12 17:22:35
Post date GMT: 2018-01-12 16:22:35
Post modified date: 2018-01-12 17:25:37
Post modified date GMT: 2018-01-12 16:25:37
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com