!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Димитров ќе информира за реформите пред Комитетот за надворешни работи на ЕП


       
Брисел, 10 октомври, 2017 - 10:13 (META) 

Шефот на македонската диломатија, Никола Димитров, денеска ќе има редовно обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (АФЕТ), соопшти Министерството за надворешни работи.

На состанокот, Димитров пред членовите на Комитетот ќе информира за текот на имплементацијата на клучните реформи во земјава, чија цел е да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Димитров, како што информираат од МНР, ќе има и средби со пратеници на Европскиот парламент.

Комитетот за надворешни работи e работно тело на Европскиот парламент во кое членуваат претставници од различни парламентарни групи застапени во парламентот.