fbpx

Димитров: Изјавата на Иванов е срамно бегство од одговорност

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе да гласа на референдумот ја оцени како „срамно бегство од одговорност“.

– Да се каже тоа, не од Македонија, туку од преку океанот, е срамно бегство од одговорност. Да не се учествува е бегство од одговорноста. Одоговорноста од немање визија е огромна – рече Димитров и потсети дека Иванов вакви потезе влечел и порано – при прогласувањето на амнестијата и при недавањето на мандатот за формирање на влада на Зоран Заев.

Иванов пред Обединетата Македонска Дијаспора во Детроит рече дека пред 27 години гласал за независна држава со достоинство и дека нема да отстапи од ветувањето кое го дал пред граѓаните.

– Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од оние кои го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Не отстапувам од таа моја одлука. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам. Два пати ја добив довербата на граѓаните за да не дозволам промена на уставот со цел промена на уставното име, да не прифаќам идеи и предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Не отстапувам од тоа мое ветување. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам – рече Иванов.

Претседателот во моментот е во посета на САД. На 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации. Предвидено е да оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...