fbpx

Димитров – Илдем: Треба да се зајакне видливоста на Македонија во НАТО

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем.

На средбата било афирмирано значењето на соработката помеѓу Република Македонија и НАТО во областа на јавната дипломатија и во промовирањето на преземените реформи и достигнувања на Македонија на патот на евроатланските интеграции.

Димитров и Илдем разговарале за зајакнување на видливоста на Македонија во НАТО и на НАТО во Македонија, како и за зголемување на проектите за соработка во различни области, меѓу кои и наука за мир и безбедност, управување со кризи, жени и безбедност, јавна дипломатија и други.

Како што соопшти МНР, Димитров го запознал Илдем со реформската агенда на Владата и со преземените чекори за отстранување на сите можни пречки за зачленувањето на РМ во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...