fbpx

Димитров и Захариева во Софија го прецизираат договорот за добрососедство

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, викендов во Софија ги прецизираат одредбите од договорот за добрососедство за кои преговараат работните групи на Македонија и на Бугарија.

Малите технички усогласувања, како што ги нарече премиерот Зоран Заев, треба да завршат денеска, но детали за средбата помеѓу Димитров и Захариева сè уште не се споделуваат.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во писмен одговор на претседателката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, во однос на договорот за добрососедство со Македонија вели дека во интерес на Бугарија е Република Македонија да биде стабилна, единствена, независна држава со јасна евроатлантска перспектива, која поминува низ зближувањето на двете земји и откажувањето од антибугарската реторика, која се случуваше последните неколку децении.

– На наша иницијатива, ситуацијата со текот на преговорите за предлог-договорот, како и самиот предлог-договор беа претставени и детално објаснети на седница на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на 5 јули 2017 година поради финализирање на конечниот текст – вели Борисов.

Тој во писмото посочува дека преговорите со Македонија за склучување на договорот за добрососедство се водат интензивно од 2008 година и оти до овој момент се реализирани 11 круга на преговори на експертско ниво, а договорот повеќепати бил разгледуван и на ниво на министри за надворешни работи, односно премиери.

Борисов вели дека целта на договорот освен реафирмација на заедничката декларација потпишана во 1999 година од владата на Иван Костов, е двете земји да ги унапредат своите односи и да го потврдат својот политички ангажман во меѓународен правен документ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...