!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Димитров и Коѕиас разговарале за комуникациските механизми меѓу двете земји


       
Брисел, 13 ноември, 2017 - 19:58 (META) 

Комуникациските модалитети меѓу двете земји, како и комуникациските механизми во рамки на Европската Унија биле дел од темите за кои денеска разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои се сретнаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Брисел.

– Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските механизми во ЕУ, при што потенцирав дека мораме да имаме исправна политика за да имаме исправна комуникација – рече Коѕијас по средбата, јави „АНА-МПА“.

Тој во разговорот со Димитров потенцирал дека Европа има потреба од политики засновани на вредности, демократија, на социјални прашања, како и на визијата за поинакви општества.

Грчкиот министер за надворешни работи викендот пред заминувањето во Брисел изјави дека Грција сака да се реши прашањето за името и оти тоа јасно им го става на знаење на своите партнери во ЕУ и на Вашингтон.

Тој претходно изјави и дека очекува прашањето за името да биде затворено во првата половина во 2018 година.