fbpx

Димитров и Коѕиас ќе се сретнат утре во Солун

-

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕиас утре ќе се сретнат во Солун каде што и двајцата ќе учествуваат на квадрилатералниот форум на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија.

По последната средба Димитров – Коѕиас во Виена, медијаторот Метју Нимиц, рече дека двете страни остануваат посветени на решавање на проблемот, без да презентира детали од разговорите.

Грчките медиуми пренесоа дека остануваат „тешките прашања“ односно опсегот на употреба на името што ќе се договори и барањето на Атина за промена на македонскиот устав.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека секоја средба е нова креативност во функција на доближување на разликите кои постојат меѓу Македонија и Грција.

– Некогаш тоа е со големи, некогаш со микро чекори за отстранување на разликите кои постојат. Се надевам дека секогаш со секоја средба, ќе се помогне во тој правец – вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...