fbpx

Димитров и Коѕиас имале кратка средба во Софија

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на покана на Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа во Софија.

Димитров на состанокот истакнал дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ дополнително ќе ги зајакне напорите за адресирање на безбедносните прашања на поефективен и покоординиран начин.

Од МНР информираат дека тој ја поздравил амбицијата на бугарското претседателство да прерасне во „Балканско претседателство“ со посебен фокус врз политиката на ЕУ за проширувањето.

Министерот Димитров ги информирал присутните и за соработката на Република Македонија во областа на безбедноста и одбраната, ставајќи акцент на учеството на нашата земја во мисиите/операциите предводени од ЕУ, НАТО и ОН, учеството во глобалната коалиција за борба против тероризмот, како и споделувањето на ставовите со ЕУ во рамките на нејзината надворешна и безбедносна политика.

На маргините на настанот Димитров остварил повеќе средби со своите европски колеги со кои разговарал за неодамна усвоената Стратегија на Европската комисија и за нашите европски перспективи. Исто така, министерот Димитров информирал за посветеноста на Владата на реформската агенда и потребата за отпочнување на пристапни преговори.

Министерот Димитров остварил и куса одвоена средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас како продолжение на напорите за надминување на разликата околу името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...