fbpx

Димитров гo претстави планот „3-6-9“ во Центарот за европски политики во Брисел

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, е во работна посета на Брисел каде ги промовираше реформските приоритети на новата влада во Центарот за европски политики.

Димитров на средбата информирал дека планот „3-6-9“ е всушност патоказ кој предвидува конкретна динамика на активности што треба да овозможат дофатлива европска перспектива.

– Нашите потфрлувања треба да бидат нотирани, но нашите успеси треба да бидат вреднувани. ЕУ може да направи квалитативен чекор и разлика во регионот. За да успее во таа цел, мора да понуди „стап“ кога ќе потфрлиме, но и „морков“ кога ќе заслужиме. Во меѓувреме, мора да останеме искрени и при наградувањето и при критикувањето. ЕУ треба да демонстрира лидерство во политиката кон Балканот. Тоа е и можно и нужно затоа што местото на Балканот е во ЕУ – истакна Димитров.

Тој додаде дека новата реформска влада е ориентирана кон иднината и дека ќе гради нов имиџ на модерна демократска држава, во која институциите постојат за граѓаните, а не за елитата.

Димитров утре ќе копретседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и РМ, заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини. На состанокот на Советот ќе учествуваат и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...