fbpx

Димитров: Бегањето од референдумот не е патриотизам

-

Не смееме да заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратегиска цел е сe потесен и потежок. Наша должност е да направиме сe што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за МКД.мк.

На тврдењата од опозицијата дека можат да постигнат подобар договор за името одговара дека досега, наместо со обид за решавање, низ антиквизацијата биле зафатени со дополнително усложнување на прашањето.

– Да се тврди дека Договорот со Грција, односно решавањето на спорот, нема врска со членството во ЕУ и во Северноатлантската алијанса е како дента да се нарекува ноќ. Не можете да бидете за членството во ЕУ и НАТО, а истовремено да бидете против договорот што ја отстранува пречката, ја отклучува вратата, го кине јажето на каменот што нe влече надолу со децении. Можете, ама треба да понудите друг пат кон целта. Пат што ќе биде кредибилен – вели Димитров.

Шефот на дипломатијата вели дека бегањето од одговорност за (не)делата во минатото и за иднината на татковината, бегањето од волјата на народот, односно референдумот, не може да биде патриотизам, бидејќи патриотизмот значи храброст, одговорност и одлуки во името на повисоки цели и идеали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...