fbpx

Димитров: Ако има глас повеќе против Договорот, ќе прифатиме дека тоа не е вистинскиот пат

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервјуто за „Ал Џезеира балканс“ изјави дека референдумот ќе помине успешно и дека граѓаните ќе го одобрат Договорот постигнат со Грција.

– Ако има еден глас повеќе против ние сме апсолутно спремни да подадеме рака и да кажеме дека ова не е вистинскиот пат. Пред големи историски дилеми граѓаните знаеле да го изберат правиот пат. Пред нас е избор меѓу минатото и иднината, стравот и надежта. Минатото е многу важно за нашиот идентитет, но не можеме да го смениме, можеме конечно на нашите граѓани да им понудиме избор каква држава ќе биде Македонија. Немаше поголема патриотска должност да ја создадеме оваа шанса и да им овозможиме на граѓаните да изберат. Сигурен сум дека ќе ја изберат иднината – вели Димитров.

Во врска со ставот на опозицијата, тој порачува дека прашањето е побитно од нечии политички игри и кариери.

– Ова е процес на растење. Не смееме да се плашиме од волјата на граѓаните, волјата на народот. Ова прашање е многу поголемо од целата политичка елита, од сите партии. Не смееме да мислиме на себе си, на личната кариера. Не сме совршени, правиме и грешки. Има многу области за партиско политичка битка, но стратешката игра на нашата нација не смее да биде предмет на партиски препукувања – посочува министерот.

На прашањето од новинарот дали Владата има план Б доколку не успее референдумот, Димитров кажа дека тие се фокусирани на планот А.

– Убедени сме дека извлековме максимум. Дека имаме издржан компромис со јасна дистинкција меѓу нашата држава и делот на историскиот регион кој се наоѓа во Грција. Македонија нема друга стратешка алтернатива – додава тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...