fbpx

Димитров во Атина се сретна со претседателот на грчкиот парламент Вуцис

-

На првиот ден од својата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со претседателот на грчкиот парламент, Николаос Вуцис.

На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, соговорниците го изразиле своето задоволство од завршувањето на внатрешните процедури во двете земји во контекст на ратификацијата на Договорот од Преспа и неговото стапување во сила, како и заложбите од двете страни за негово успешно имплементирање.

„Мислам дека отворивме огромен потенцијал за односите меѓу двете земји и нема да застанам сè додека не го убедиме и последниот граѓанин – и во Грција и во Северна Македонија – дека ова беше вистинскиот потег, и дека нашите две нации се природни сојузници. Ние сме соседи, а не може да се гради пријателство со соседот без да се покаже почит и разбирање за другиот, и мислам дека ние сега почнуваме да го градиме нашето пријателство”, изјави министерот Димитров.

Претседателот на грчкиот Парламент, Николаос Вуцис, потенцирал дека Договорот од Преспа отвора пат за пријателство и партнерство меѓу двете земји. Изразил уверување дека грчката страна при имплементирањето на истиот ќе вложи напори за видливи резултати во сите аспекти на соработка. Тој истакнал дека, во Парламентот каде се дискутирал и ратификувал Договорот од Преспа, треба да се формираат Комисии на пријателство меѓу Грција и Република Северна Македонија, и да се даде поддршка на европскиот пат на нашата земја, во контекст на отпочнување на преговорите за ЕУ членство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...