fbpx

Димитриев – Жбогар: Забелешките во извештајот се нов патоказ за нашите активности

-

Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период, истакна премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по средбата со амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, кој му го предаде извештајот од ЕК за земјава.

– Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период. Укажувањата и забелешките што се дел од извештајот ги сметаме за нов патоказ за нашите активности. Се надеваме дека со одржувањето на изборите со формирањето на политичката влада, ЕУ-агендата повторно ќе дојде на дневен ред, како еден од највисоките приоритети со многу посилен фокус од она што го имавме во изминатава година бидејќи ова беше година во која се соочувавме со големи политички предизвици, мигрантската криза, владата функционираше како техничка влада за спроведување на изборите – истакна Димитриев.

Eвроамбасадорот Жбогар посочи дека извештајот е искрен и оти има многу препораки кои можат да бидат искористени од институциите, кога се дискутура за реформите кои се очекуваат по изборите.

– На изборите гледаме со надеж дека би можеле да бидат почеток на нов процес и во земјата, но и нов процес во рамките на Европската Унија – додаде Жбогар.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...