fbpx

Димитриев: За една година ќе имаме преструктуиран безбедносен систем

-

Министерството за внатрешни работи почнува со реализација на процесот на реформи за консолидација на безбедносниот систем во државата, во согласност со препораките од извештајот на Прибе, кои, меѓу другото, треба да ја засилат контролата на работата на безбедносните служби.

Ова денеска на прес-конфереција го соопшти техничкиот премиер Емил Димитриев, по состанокот на кој присуствуваше целото раковдство на МВР, односно министерот, Оливер Спасовски, дополнителниот заменик-министер, Оливер Андонов, заменик-министерот Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

– Можам да кажам дека се направени сите подготовки и почнуваме со реализација на национален прокет за консолидација на безбедносниот систем во Македонија… Реформите во областа на безбедноста опфаќаат голем број институции, владини и невладини, собраниските комисии за надзор на работата на безбедносните служби. Поканивме и странски експерти од ова област од Европската Унија, кои ќе соработуваат со групите од МВР и од другите институции – изјави Димитриев.

Процесот, како што рече премиерот, сега е во фаза на анализа на состојбите во земјава, а се прави и компаративна анализа за тоа како е организиран безбедносниот систем во други партнерски држави, во земјите-членки на ЕУ и на НАТО.

Првата фаза треба да заврши до декември, а по одржувањето на изборите ќе следува фаза на разгледување на предлог-мерките и решенијата за преструктуирање на безбедносните служби и на институциите задолжени за безбедноста на државата.

Координатор на проектот за реформите, кој според очекувањата треба да биде реализаран најдоцна за една година, е директорот на БЈБ, Митко Чавков.

Прашан зошто се почнува со реализацијата на реформите во предизборен период и со распуштено Собрание, Димитриев рече дека периодот до одржувањето на изборите не треба да биде изгубен и да не се работи на прашања за кои има консензус од сите политички партии.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека преку сеопфатна анализа треба да се дојде до решенија кои ќе ја гарантираат контролата на безбедносните служби од една и безбедноста на државата, од друга страна.

– Сведоци сме дека во Македонија имаше сериозни прекршувања на човековите права преку прислушувањата. Потребна е реформа во легислативата, меѓутоа потребна е и реформа во човековите ресурси. Потребно е преку една сеопфатна анализа да се дојде до предлог-мерки, до конкретни решенија и законски измени што ќе гарантираат, пред сè, контрола на безбедносните служби и од друга страна да се гарантира безбедноста на Македонија како држава – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...