fbpx

Димитриев во Виена на самит за бегалската криза

-

Македонскиот премиерот Емил Димитриев денеска во Виена ќе учествува ќе учествува на Самитот за бегалската криза, насловен „Миграцијата долж балканската рута“.

Покрај Димитиев, на самитот, по покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, ќе учествуваат и премиерите на деветте земјите што се наоѓаат на таканаречената балканска рута, односно премиерите Алексис Ципрас од Грција, Миро Церар од Словенија, Тихомир Орешковиќ од Хрватска, Еди Рама од Албанија, Виктор Орбан од Унгарија, Бојко Борисов од Бугарија, Александар Вучиќ на Србија и романскиот премиер Дачијан Чолош.

На самитот, покрај лидерите од балканската рута, исто така ќе присуствуваат еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, и претседателот на Советот на Европска Унија, Доналд Туск, како и германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја е една од крајните дестинации на бегалците.

Димитриев претходно соопшти дека очекува на самитот да биде усвоен поконкретен договор за менаџирање на идни вакви предизвици.

– Очекувам да имаме поконкретна, појасна акција од страна на сите земји-членки, интегрирана и координирана политика. Тоа да не биде сведено на национални одлуки на поединечни земји што се на балканската рута, туку тоа да биде многу подобро смислено и изменаџирано, што, на крајот, ќе значи поквалитетно справување со овој предизвик – рече Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...