fbpx

Димитриев: Очекувам прашањето за избирачкиот список наскоро да биде затворено

-

Премиерот Емил Димитриев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието рече оти се надева дека разговорите што ги водат политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, околу прочистувањето на избирачкиот список, наскоро ќе завршат, со услогласување на нивните ставови и ова прашање ќе биде конечно затворено.

– Информиран сум дека предмет на разговори помеѓу политичките партии е и новиот обид за дополнително прочистување на избирачкиот список, кој претходно беше ставен и на јавен увид и доставуван до политичките партии за евентуални забелешки. Меѓутоа, и покрај сите тие напори, таа тема постојано се држи отворена. Во овој момент, сумарно што можам да кажам е тоа дека политичките партии отприлика се приближуваат во ставовите, дека треба да се проверуваат околу 40.000 граѓани кои во моментот не биле најдени при теренската проверка, а блиските роднини дале одговор каде се наоѓаат и околу 170.000 граѓани кои се претпоставува дека се на привремена работа надвор од Македонија. Се разгледуваат различни модалитети тие да бидат ставени на посебен извод од избирачкиот список. Тоа се параметрите за кои разговараат политичките партии и во согласност со договорот што ќе го имаат, Државната изборна комисија (ДИК) ќе пристапи кон прочистување на списокот. Ние како Влада и во изминатиот и во понатамошниот период ќе дадеме целосна поддршка ДИК да работи во согласност со својата агенда – рече Димитриев, одговарајќи на прашање на пратеничката Солза Грчева.

Таа, освен за прочистувањето на избирачкиот список, го праша премиерот и за спроведувањето на пописот на населението и зошто обидот тој да биде спроведен во 2011 година завршил неуспешно.

Димитриев одговори дека прв услов за одржување попис во земјава е да има политички конзенсус меѓу партиите за тоа прашање.

– Добро е за почеток да имаме консензус кај сите политички партии околу начинот на спроведување на пописот и евалуација на резултатите. Да се обидеме, оваа операција да биде издвоена надвор од сето ова што сега го имаме како политичка криза и екстремна поларизација на политичките односи. Влегување во ваква операција за мене е прилично неизвесно. Политичкиот момент е многу важен за одржување на една ваква операција – рече Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...