fbpx

Димитриев не дал исказ во СЈО, побарал увид во доказите

-

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени.

– Побарав увид во доказите и штом ги добијам, ќе се произнесам – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриев во СЈО се задржа околу еден час, а беше придружуван од адвокатот Никола Додевски., кој е бранител на повеќето осомничени во случаите што ги води СЈО.

Тој во изјава за медиумите не сакаше да ги коментира наводите од истрагата на СЈО во случајот „Талир“ за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да оставиме случајот да се води во институциите, без да даваме дополнителни изјави и коментари – рече Димитриев.

Како што дознаваме, СЈО испратило покани до сите 11 осомничени да дадат исказ за „Талир“ во просториите на обвинителството. Инаку првоосомничен во случајот е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Неофицијално, Груевски, Илија Димовски и Кирил Божиновски денеска нема да дојдат на распит бидејќи наводно не ги добиле поканите.

Околу 12 часот, во просториите на СЈО се појави пратеничката Даниела Рангелова, која исто така е осомничена во случајот „Талир“. И таа, како што изјави, ќе побара увид во доказите.

Рангелова рече дека не се чувствува виновна, а прашана како партијата се стекнала со толкав имот, рече дека за тоа треба да се праша тој што го стекнал имотот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...