fbpx

Димитриев го испрати Орав

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, по повод завршувањето на мандатот на евроамбасадорот во нашата земја.

„Двете страни ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Соговорниците изразија задоволство од меѓусебната соработка на секое ниво од заемен интерес“, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Димитриев, како што се вели во соопштението, се заблагодарил за постојаната поддршка што Република Македонија ја добива од Европската Унија во реализацијата на реформите и на проектите за унапредување на стандардите во сите општествени сфери и за личниот ангажман на амбасадорот Орав во таа насока. Претседателот на Владата на амбасадорот Орав му посакал успешна работа во неговиот иден ангажман.

Соговорниците истакнале дека и во идниот период Република Македонија и Европската Унија ќе продолжат со соработка за реализацијата на стратешката цел за европска интеграција на нашата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...