fbpx

Димас собра само 160 од потребните 200 гласа

-

Грчкото собрание не изгласа претседател во првиот круг. Само 160 пратеници гласаа за Ставрос Димас, поранешниот министер за надворешни работи и единствен кандидат предложен на овие предвремени претседателски избори во Грција. Бројката е за неколку пратеници помала од очекуваната бидејќи владината коалиција на Нова демократија и на ПАСОК очекуваше околу 162-165 гласа.

На гласањето, од 300 пратеници 160 гласаа „за“, 135 „против“, а пет беа отсутни. За да се избере претседател во првиот круг, беше потребно две третини од пратениците, односно 200 од вкупно 300 пратеници, да гласаат за Димас.

Премиерот Андонис Самарас изјави дека се надева да се избере претседател бидејќи условите за државата се тешки.

– Сигурен сум дека пратениците разбираат дека државата не треба да оди во нови перипетии – изјави Самарас, честитајќи им на пратениците што ги надминале проблемите и гласале за Димас од првпат.

Првиот човек на СИРИЗА, Алексис Ципрас, истакна дека сите напори на Самарас паднале во вода.

– Заплашувањето падна во вода. Утре е нов, пооптимистички ден, бидејќи демократијата не може да ја заплашите – истакна Ципрас, задоволен од резултатот.

Судбината на претседателот на државата ќе се одложи до вториот круг, кој ќе се одржи на 23 декември. Извесно е дека ни тогаш владината коалиција на Нова демократија и на ПАСОК нема да може да собере 200 гласа поддршка за Димас, па одлучувачки ќе биде третиот круг на 29 декември.

Првите оценки се дека со ваквите бројки многу тешко ќе се избере претседател и во следните два круга, меѓутоа не се исклучува можноста некои од пратениците да го сменат мислењето до 29 декември.

Првиот човек на Демократска левица, Фотис Кувелис, изјави дека бројките од денешното гласање јасно покажуваат дека се отвара патот за предвремени избори. Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, беше уште поостар во изјавите, истакнувајќи дека резултатите покажуваат дека Самарас не успеал во обидот да ги заплаши пратениците.

За утре се најавува средба на поранешниот лидер на Нова демократија, Константинос Мицотакис, со Каменос, на која се очекува Мицотакис да лобира Независните Грци да го сменат ставот и да се избегне распишувањето предвремени избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...