fbpx

ДИК е подготвена за спроведување на локалните избори

-

Прирачниците за едукација на општинските изборни комисии и избирачките одбори беа усвоени на денешната 124. седница на Државната изборна комисија (ДИК), а како што соопштија, ова се досега најдобро подготвените прирачници кои ќе придонесат за законито спроведување на изборните дејства. Со ова, како што се наведува, Државната изборна комисија е целосно подготвена за спроведување на локалните избори кои се предвидуваат во октомври 2017 година.

На денешната седница ДИК го разгледала и усвоила проектот за проверка и проценка на пристапноста на избирачките места за лица со посебни потреби на територијата на Република Македонија, кој е и прв проект од ваков тип што ќе се реализира.

Биле усвоени и извештаите од спроведената функционална анализа во ДИК, извештајот за институционална проценка на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, предлог-правилникот за внатрешна организација и делокруг на работата на стручната служба на ДИК, како и предлог-правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на ДИК.

Во соопштението се наведува дека ДИК на седницата особено внимание посветила на ребалансот на буџетот предвиден за тековната година и за изборните дејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...