fbpx

ДИК реши изборниот материјал да го набави од еден добавувач

-

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно донесоа одлука набавката на изборниот материјал да ја спои во едно, односно да не набавува материјал посебно, туку од еден добавувач.

Според Оливер Деркоски, претседателот на ДИК, тоа било на предлог на службите на Комисијата, кои сметаат дека така ќе се поедностават работите и сè би се набавило од еден добавувач.

ДИК исто така донесе одлука да се обезбедат најмногу до 3.000 денари наемнина за приватни простории во кои ќе бидат сместени околу 500 до 600 избирачки места на денот на референдумот на 30 септември, бидејќи државата нема капацитети за да ги „вдоми“ тие избирачки места.

Исто така, на денешната седница на ДИК беше донесена и одлука да се доделат вкупно 171.000 денари за гориво за Подрачните канцеларии на ДИК, кои веќе вршат контроли на избирачките места. Беа доделени и 1,32 милиони денари за трошоците на 80 Општински изборни комисии (ОИК). Се гласаше и за 22 предлози на измена на составите на ОИК поради смрт, пензионирање или губење на статусот на државен службеник и позитивно беше одговорено на 21 барање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...