fbpx

ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување

-

Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот, со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот, закажан за 30 септември, ќе се продолжи до утре.

Само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуваат радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со Изборниот законик.

Сите останати субјекти можат да имаат свое медиумско претставување поврзано со референдумот, но пристапот до услугите на медиумите е под пазарни услови, согласно правилата и политиките за платено рекламирање на секој медиум.

Неискористените термини, медиумот може да ги продаде на други субјекти, под услови договорени со субјектот кој го купил терминот. Ценовниците и условите за медиумско претставување, кои медиумите ги доставуваат до ДИК се однесуваат само на „привилегираниот пристап“ на овластениот предлагач. Сите останати субјекти го договараат своето медиумско претставување со соодветниот медиум, под пазарни услови, информира ДИК.

Овластениот предлагач, услугите кои ги користел за јавната пропаганда ги плаќа од сопствени средства, според ценовниците определени од медиумите и доставени до ДИК. Останатите субјекти, искористените услуги за сопствено медиумско претставување ги плаќаат од сопствени средства.

Референдумот ќе се одржи на 30 септември, откако Собранието на 30 минатиот месец донесе одлука за негово распишување, која потоа собранискиот спикер Талат Џафери ја достави до ДИК.

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...