fbpx

ДИК побара 7,5 милиони евра за изборите, Финансии ќе ѝ ги даде

-

Државната изборна комисија (ДИК) побара од Министерството за финансии 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, дознава „Мета“. Тоа е истата сума што ДИК ја побара и за одложените избори на 5 јуни.

Од комисијата, исто така, информираа дека денеска ќе одржат седница на која треба да се усвои роковникот за активностите на ДИК до изборите.

Од Министерството за финансии за „Мета“ изјавија дека ќе обезбедат пари за предвремените парламентари избори.

– Министерството за финансии ќе обезбеди средства за предвремените парламентарни избори – велат од Министерство за финансии.

Во буџетот за 2016 година за Државната изборна комисија беа предвидени 531.375.000 денари, а потоа, бидејќи не беше утврден датум за избори, со ребалансите таа сума беше намалена на 103.875 денари.

Денеска и од Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги информираа дека Владата донела одлука на агенцијата да ѝ бидат исплатени ветените 9,2 милиони денари (околу 150.000 евра) за финансирање на набљудувањето на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...