fbpx

ДИК: На референдумот гласале 666.743 граѓани од кои 91,46 отсто „за“, а 5,65 „против“

-

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави официјалните резултати од гласањето на референдумот според кои, од 1.806.336 граѓани запишани на Избирачкиот список гласале 666.743 или 36,91 проценти. Од нив, 609.713 биле „за“ (91,46 проценти), а 37.700 биле против (5,65 отсто).

„Одлуката на референдумот не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиотм список“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Во однос на одредени забелешки за работата на Општинските изборни комисии, тој додаде дека ако постојат докази, ќе има и одговорност во зависност од типот на повредата на постапките.

Прашан за неможноста претседателот на Собранието, Талат Џафери да го оствари правото на глас, Дерковски појасни дека тој, како и сите други граѓани требал да го искористи правото на увид во Избирачкиот список, а ДИК апелирале тоа да се направи од 9 до 23 септември.

„Господинот Талат Џафери гласал на претходните избори, но менувал документи и затоа не се нашол на списокот. Ако менувате лични документи и не сте на избирачки список, барате увид за да запишете“, додаде Дерковски.

Тој потенцираше дека неусогласеноста на законското решение за референдумот и Изборниот законик им правел проблеми на органите во спроведување на процесот, но со заеднички сили на надлежните биле надминати, и на крај имало успешно организиран референдум.

„Вчерашниот ден помина во најдобар ред, Македонија има демократски капацитет за организирање на вакви настани“, рече Дерковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...